Од ЈП Водовод и Канализација – Скопје информираат дека водата во главниот град е безбедна и квалитетна за пиење. Анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола покажале дека резултатите од испитувањата на сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).
Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.11.2019 до 15.11.2019 зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.