Примероци од вода земени на 39 мерни места во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, соопштувајќи резултати од неделниот извештај за анализа на водата за пиење.

Од 4 до 8 јануари биле земени 112 примероци за физичко-хемиска и 112 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, а анализите ги направи Секторот за санитарна контрола – прва лабораторија во државата акредитирана за работа според стандардот ИСО17025:2018.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.