Општина Кисела Вода ги информира своите жители дека водата од сите чешми освен од Драчевската, е исправна за пиење.

Пристигнаа резултатите од испитувањата на Институтот за јавно здравје. Сите, освен една од јавните чешми на територија на општина Кисела Вода, имат безбедна вода за пиење. На селската чешма во селото Драчево, која е единствена која не ги задоволи критериумите за бактериолошка исправност, е поставена табла со указ за небезбеднот на водата за пиење, информира општина Кисела Вода.

Општина Кисела Вода преку Институтот за јавно здравје прави редовни проверки на изворите и јавните чешми два пати во годината, со цел да ги предупреди граѓаните во случај резултатите да покажат неисправност на водата за пиење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.