Кај ТЦ Мавровска претпладнево почна уривањето на дивоградбата. Донесена е градежна механизација, а локацијата ја обезбедува полицијата.
Уривањето го врши ЈП за Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Владата на на својата прва седница одржана вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.
Рушење на објектот пред Мавровка
Posted by MИА.mk on Wednesday, 2 September 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.