Менаџерот Шилегов стана криминалец Шилегов, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека во текот на само еден мандат Шилегов си го зголеми својот имот за половина милион евра.
За еден мандат како градоначалник Шилегов направи хациенда во Маврово од 300 м2, два ката дивоградба на зграда во Карпош, купи две нови возила Ауди кои ги нема пријавено во анкетен лист.
Шилегов наместо да работи за скопјани, работеше за својот џеб.
Нема тендер, а Шилегов да не плаќал скоро двојно поскапо од пазарното, од тоа што е плаќано порано или што се плаќа во други држави.
Шилегов плати 900.000 евра повеќе за противпожарно возило со скала од тоа во Загреб. Асфалтот е дупло поскап, клупи се плаќаат и неколку стотици евра.
Шилегов не работеше за скопјани, туку за себе. Од недела Скопје ќе добие градоначалник кој ќе работи за градот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.