Во тек е јавниот оглас на кој граѓаните на Скопје може да аплицираат за субвенција за чистење на оџаците. Во рамки на проектот се обезбедени 2 милиони денари или вкупно средства за доделување околу 1660 субвенции.

За субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје, а мерката предвидува Град Скопје да надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари.

Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година. Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2020 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година.

Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следната интернет врска – https://skopje.gov.mk/media/4997/javen-povik-cistenje-odzaci-2020.pdf .

Како што велат од Град Скопје, целта на овој проект е намалување на загаденоста на воздухот во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5).

Оттаму потсетуваат дека оваа мерка се реализираше и во 2018 и 2019 година, кога беа доделени вкупно 634 субвенции, тогаш во износ најмногу до 1.000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.