Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 63 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 520 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија, а доколку има потреба ќе се отворат и дополнителни оддели на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за торакална хирургија кои имаат вкупно 50 кревети.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 28 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 примени пациенти и 17 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 234 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно108 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти. На ГАК има 7 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 520 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.