Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 243 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало четири приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало три нови приеми на пациенти и три на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени четворица оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно девет пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 85 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Голем број од пациентите со Ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град се на кислородна поддршка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.