Во Скопје од ден на ден се поголем е бројот на дрва кои се заробени од асвалт, бетон, плочки или друг цврст материјал. Во 2019 Град Скопје потпиша меморандум за соработка со Шумарскиот факултет за ослободување на 500 дрва кои растат заробени во бетон, но за жал праксата да се бетонираат дрва во Скопје продолжува.
Градоначалникот на Карпош Богоев бетонираше дрва и правеше паркови на асфалт, а сега во Центар жителите се жалат дека живи растенија се бетонираат.
Како човек, како граѓанин ве молам, да го информирате градоначалникот дека има вработено второодделенци кои бетонираат живи растенија. Секако дека не очекувам за се да знае, па ред е да го информирате и да ја распушти таа багра од канцеларии што зема плата. одговорност некој ќе мора да сноси дефинитивно, за повеќе инфо Кеј 13 Ноември е ова. Држава без пилот сме, пишува на социјалните мрежи револтирана жителка.
Денеска на социјалните мрежи реагираше и аналитичарот Ивор Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.