На подрачјето на Скопје од денеска до петок ќе се спроведува втората фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми и ларви од комарци.
Прес-службата на Град Скопје соопшти дека прскањето ќе се одвива во перидот од 22 до 03 часот.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри.
Од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.