Државната изборна комисија попладнево информираше дека излезноста на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 проценти. Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.
Излезноста во првата изборна единица е 41.07%, а во неа најголема излезност има во Македонски Брод каде гласале 55.61% од регистрираните гласачи.
Во Скопје најголема излезност има во Карпош со 44.02% и Центар со 43.59%, но не заостануваат ни другите поголеми општини како Аеродром, каде до 17 часот на гласање излегле 42.23% oд гласачите, односно 42.23% во Кисела Вода.
Сопиште, исто така, има висока излезност со 44.31%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.