Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Скопје се регистрирани 230 нови случаи на позитивни на Ковид-19.  

како што информираат од министерството за здравство, во изминатото деноноќие во главниот град се починати шест пациенти на возраст од 45,52, 63, 67, 68 и 84 години.

По овие бројки, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 14.272, од кои активни се 5.042 случаи.

Аеродорм е оптината каде то има најголем број активни случаи, по што следуваат Кисела Вода, Гази Баба и Центар.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 275

• Гази Баба – 650

• Аеродром – 869

• Карпош – 741

• Центар – 668

• Кисела Вода – 649

• Ѓорче Петров – 402

• Бутел – 266

• Шуто Оризари – 53

• Студеничани – 21

• Сарај – 38

• Арачиново -10

• Илинден – 121

• Сопиште – 43

• Чучер Сандево – 28

• Петровец –38

• Зелениково -16

• Странец – 45

• Нераспределен- 109



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.