Од регистрираните нови 182 случаи со COVID-19 во државава, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, 107 се од Скопје, со што вкупниот број заболени во градот достигна 2.243, а активни се 1.507 случаи.
Тоа значи дека Скопје уште е жариште на пандемијата со коронавирус во земјава.
Најголем број активни случаи и натаму има во општината Чаир – 336 што е за 30 повеќе од вчера, потоа следат Гази Баба – 128 (+14), Аеродром – 125 (+6), Центар – 121 (+7), Бутел – 118 (+12), Сарај – 105 (+10), Карпош – 103 (+3)…
Активни случаи има и во Кисела Вода – 80 (+9), Ѓорче Петров – 62 (+5), Студеничани – 71 (+9), Шуто Оризари – 51 (+5), Арачиново – 38 (+5), Илинден – 24 (+4), Петровец – 12, Чучер Сандево – 8 (+1), Сопиште – 12 (+1), Зелениково – 1, тројца се странци, а четворица се нераспределени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.