На инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 340 пациенти со Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 129 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 211 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало девет приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум примени пациенти и шест биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 20 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 60 пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и изутрината до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 25 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има четири пациенти, во Велес се лекуваат 20 болни, а во Куманово 38 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 29 пациенти, во Прилеп 16, во ковид-центарот во Гостивар седум, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациенти, во Кочани седум, во Кичево девет, Кавадарци седум, а во Гевгелија нема хоспитализирани лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.