Во скопското основно училиште „Вера Циривири Трена“ во наслебата Карпош седум наставници и повеќе од 50 ученици се заболени со ковид-19. Не се кажуваат контактите и тоа е причина за ширење на вирусот, а Министерството за образование и наука (МОН) тврди дека во училиштата нема локална трансмисија на вирусот.

Претходно, „Република“ пишуваше дека во ова скопско основно училиште осум ученици и класната се позитивни на коронавирус и според епидемиолошката процена сите 25 ученици од класот ќе следат онлајн настава.

За „Телма“ директорката на училиштето демантира дека се работи за толкав број заболени и вели дека секојдневно бројките ги праќаат до МОН и Центарот за јавно здравје. А од МОН со вообичаената реторика дека процентот на новозаболени е многу мал и затоа наставата со физичко присуство продолжува.

Повеќе од 50 ученици и 7 наставници, од кои 3 во одделенска и 4 во предметна настава се заболени со Ковид- 19, во ОУ „ Вера Циривири Трена“, во Карпош, вели наставник од ова училиште кој сакаше да остане анонимен.

Родители за „Телма“ сведочат и алармираат дека пандемијата со Ковид-19 се проширила и во училиштето „ Јан Амос Коменски“. Директорката Маја Старова демантира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.