Прст пред око не се гледа вечерва во населбата Лисиче, а ништо подобра не е ситуацијата и во Ново Лисиче. Според мерните податоци, концентрацијата на ПМ10 честички во Лисиче во 19 часот изнесува 120 мг/м3.
Пред два месеци на две локации во Скопје беа поставени уреди кои собираат примероци за квалитетот на воздухот 24 часа на ден во текот на секое деноноќие во наредните 12 месеци. Со анализа на овие податоци попрецизно ќе се откријат поединечните извори на загадување на воздухот во градот. Една од областите е Лисиче – област со индустрија, сообраќај и резиденцијална зона. Уредите се поставени како дел од проектот „Справување со загадувањето во Скопје“, финансиран од Владата на Шведска, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.