Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 66 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 629 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, соопшти министеството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 9 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни,а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 305 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има17 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 12 позитивни пациентки.

Вкупно 629 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.