Градинките во Аеродром и Карпош од денеска нема да примаат невакцинирани деца со МРП вакцината, откако вчера беше прогласена епидемија од морбили на територија на Град Скопје, соопштија од општините. Од денеска, 3 јануари, стапува во сила привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот
Во Карпош градинките „Мајски цвет“, „Пролет“, „Распеана младост“ и „Орце Николов“ ќе ги примаат само децата чии родители/старатели ќе приложат здравствена потврда за примена МРП вакцина.
Општина Аеродром, исто така, апелира до родителите да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство, со цел да се заштитат децата од ова заболување и да се спречи понатамошно ширење на епидемијата од морбили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.