На директорот на Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски – Луј“ Јован Бицевски му е истечен мандатот. Поради тоа, вработени се загрижени дека нема да земат плата, бидејќи нема овластен потписник на сметката на училиштето.
Писмо на загрижени вработени стигна во редакцијата на „Република“ во кое тие информираат дека на директорот Бицевски му истекол мандатот како прв човек на оваа институција, а поради законски ограничувања, тој немал право повторно да се кандирира за директор на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Тие стравуваат дека се создал правен вакуум и оти ќе нема потписник на сметката и вработените ќе останат без плата.
Од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека се запознаени со случајот во ДМУБЦ „Илија Николовски – Луј“.
Министерствтото за образование и наука е запознаено дека на актуелниот директор на ДМУБЦ „Илија Николовски Луј“, Јован Бицевски му е истечен мандатот. Во тек е постапка за назначување на Вршител на должноста директор, по што ќе биде објавен и овлатениот потписник на сметката на училиштето, велат од МОН.
Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ од Скопје е училиште од посебен интерес за државата. Во него се образуваат кадри од музичката и балетската уметност и како единствен центар од ваков вид тој претставува јадро од кое произлегуваат идните музички и балетски уметници и педагози, кореографи, диригенти, композитори и други музички и балетски културни дејци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.