Две воспитувачки во детската градинка Петар Пан во општина Чаир се позитивни на коронавирусот , а 4 деца се во самоизолација. Како што објави ТВ 24, уште една воспитувачка самата побарала да биде во самоизолација, бидејќи била во контакт со заболените.
Во моментов во нашата градинка се згрижени вкупно 47 деца, а кадарот се состои од 6 негувателки и 8 воспитувачки. Бидејќи двете воспитувачки се потврди дека се позитивни на коронавирусот, уште една нивна колешка самоиницијативно побара да биде во самоизолација, бидејќи имала контакт со нив. Засега градинката продолжува нормално да работи со почитување на сите протоколи“, изјавиле од градинката за телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.