Урбаната мафија победува, алармираат граѓаните на Ѓорче Петров, објавувајќи дека денеска на седница на советот на општината со 12 гласови ЗА беше изгласан ДУП СЗ 24 или локацијата кај„ Јурија Дексион“ со што дадена е дозвола за изградба на станбени згради со бруто развиена површина за домување од 90.544 м2 или 19.000 м2 во основа.

Овој ДУП СЗ 24 е донесен во крајно сомнителна постапка без да бидат запазени и основните процедури како јавно изложување и јавна анкета, то ест никој не го видел до денешната седница на советот на која е веднаш поминат!, алармираат граѓаните.

Покрај ДУП СЗ 20 во централниот дел на Ѓорче Петров и можноста за 100 згради во тој дел, каде што Хром е претворено во огромно градилиште и невозможно е да се помине главната улица, сега и Јурија во Дексион ќе се претвори во бетонска џунгла во која според пресметките треба да се изградат:
– 774 станови
– 2786 нови жители !!!!!
Зградите се со внимавајте,
17 КАТА ИЛИ 58 МЕТРИ ВО ВИСИНА !!! (на сликата ишрафирани со темно кафена боја во облик на Г)

Ѓорчепетровци потенцираат дека ова ќе ја измени комплетно демографската слика на тој дел од Ѓорче Петров, ќе го наруши комодитетот на живеење, како и ќе создаде огромен проблем со новите возила и потребите за живеење на тие жители (градинки, училишта).

Се прашуваме дали има елементарна свест во надлежните во општината и кај Градоначалникот Александар Наумоски со кој ум прават вакви потези кој нема да донесат ништо добро на граѓаните на овој дел од општината ?
Со овој 58 МЕТАРСКИ, 17 КАТЕН ЅИД комплетно ќе запре струењето на воздухот од састав и овој дел ќе добие значително на загадување и зголемување на температурата !
Крајно време е да престане да се прави УРБАНО ПРОФИТЕРСТВО на сметка на здравјето на граѓаните !

ГИ ЗАМОЛУВАМЕ НАДЛЕЖНИТЕ ВО НАЈБРЗ МОЖЕН РОК ДА ЈА ПРЕИСПИТААТ ОВАА ОДЛУКА И ДА ГИ ИЗБЕРАТ ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ СЕ БЛОКИРА ГЛАВНАТА УЛИЦА ДО РЕШАВАЊЕТО НА ОВОЈ ПРОБЛЕМ, велат ѓорчепетровци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.