Денеска беше откриен споменик посветен на припадникот на ЕСЗ Тигар, Горан Стојменовиќ, во паркот во општина Гази Баба, којшто загина во полициската акција во кумановско Диво насеље на 10 ти мај 2015 година.

Секоја жртва од минатото е света обврска во иднината. Денеска се собравме овде во паркот на општината Гази Баба, да изразиме должна почит и вечен спомен за трагично загинатиот наш колега, пријател, татко, сопруг, сограѓанин – Горан Стојменовиќ, припадник на Единицата за специјални задачи Тигар при МВР кој на 10-ти мај 2015 година прерано го загуби животот во полициската операција за неутрализирање на терористичката група во кумановската населба Диво насеље, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Овој споменик посветен на незаборавот кон Горан не е никаква отплата на долгот кон него.

Оти она со што тој, како и другите неговите колеги и соборци не задолжиле се враќа само со дела, со хумани дела, со професионални дела, со благородни дела, со се она добро, чисто и честитот заради што тие воопшто и ги положија своите животи – рече Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.