Во основно училиште “Хасан Приштина“ – Чаир, утре (5 март) со почеток во 10 часот почнува проектот “Јакнење на отпорноста на локалните заедници на насилен екстремизам во Македонија ” кој ќе се реализира со поддршка на амбасадата на Холандија и на Велика Британија во земјава.
На свеченоста ќе присуствуваат Амбасадорот на Велика Британија во Македонија г-ѓа Rachel Galloway и Градоначалникот на Општина Чаир Висар Гани.

Центар за заедничка основа ЦЗО Скопје со подршка од Британската амбасада и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје го спроведува проектот наречен ” Јакнење на отпорноста на локалните заедници на насилен екстремизам во Македонија “, со времетраење од 15 октомври 2018 до 15 октомври 2020 година. Проектот има за цел да ја поддржи националната стратегија и акциониот план на NКСНЕБПТ (Национален комитет за борба против насилниот екстремизам и борба против тероризмот) преку соработка помеѓу локалните актери вклучувајќи граѓански, верски и младински лидери и локални/централни власти за прашањата на БНЕ и преку формирање на Акциски тимови во заедницата (АТЗ) во рамките на трите пилот општини, Чаир, Гостивар и Кичево, соопштуваат од Општина Чаир.

Покрај овие активности ќе се организираат спортски и културни настани во трите пилот општини каде ќе учествуваат ученици од различни средни и основни училишта.

Третата спортска активност е предвидена да се организира во општина Чаир на 05.03.2019 (вторник) и истата вклучува елементи на соработка, комуникација и поврзување на учениците од различно етничко потекло, воедно промовирајќи толерантност, мирен соживот, социјална кохезија и соработка на ниво на дијалог и игра.

Во Турнирот во Шах, во 10.00 часот е најавена посета на Амбасадорот на Велика Британија во земјата, Г-ѓа Rachel Galloway и Градоначалникот на Општина Чаир, Г-дин Висар Ганиу. По завршувањето на спортската активност, ќе се донирана спортска опрема на училиштата а исто така ќе има и симболични награди и за учениците.

Во општина Чаир се организираат следниве активности:

• Турнир во шах, каде ќе учествуваат вкупно 16 ученици до 15 години, 8 од ОУ Хасан Приштина и 8 од ОУ Васил Главинов.
Турнирот ке почнува во 10.00 во основното училиште Хасан Приштина
• Турнир во мал фудбал, каде ќе учествува СУ Цветан Димов, со две екипи.
Турнирот ке почнува во 14.00 во спортската сала на ОСУ Цветан Димов
• Турнир во кошарка (тројки), каде ќе учествуваат 4 тројки од СУ Цветан Димов
Турнирот ке почнува во 15.00 во спортската сала на ОСУ Цветан Димов, информираа од општина Чаир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.