На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, кое информира дека во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-41, Куманово-12, Штип-16, Тетово-10, Струга-1, Охрид-2, Гостивар-1, Пробиштип-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-2, Тетово-2.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

• Чаир-192
• Бутел-68
• Центар-66
• Гази Баба-63
• Аеродром-61
• Карпош-57
• Сарај-55
• Кисела Вода-37
• Ѓорче Петров-23
• Арачиново-23
• Шуто Оризари-21
• Студеничани-20
• Илинден-18
• Петровец-6
• Чучер Сандево-3
• Сопиште-2
• Странец-2

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.