Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат.

Превозниците треба да водат сметка и за бројот на патниците што ќе се превезуваат, а максимална искористеност, според владината уредба, е до 50 отсто од капацитетот на возилата.

ЈСП Скопје соопшти дека поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19, од денеска е укинат бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во вторник, петок, сабота и недела, што беше воведен минатата недела.

Автобусите на „ЈСП Скопје“ сообраќаат во текот на целиот ден без временско органичување, по саботен возен ред.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.