Во Општина Аеродром, денекса за прв пат учениците ја почнаа школската година без униформи. Претходно на Фејсбук беше објавено дека тендерот за униформите во општина Аеродром за оваа година пропаднал.
Тендерот за униформите во општина Аеродром за оваа година пропадна! Дечињата од општината за прв пат после неколку години нема да ја започнат школската година со униформи! #ДојдеЖивот за неспособните !
Родителите велат дека до денеска не добиле никакво известување дали децата оваа година ќе носат униформи, иако уредно си навеле величина која им е потребна на децата за оваа година, како што тоа се барало од нив во јуни.
Не сме добиле никакво известување од училиштето. Секоја година пред почеток добивавме мејл кога да ги подигнеме униформите. На крајот од годината дававме информација за бројот кој му е потребен на ученикот. Оваа година, исто така, во јуни кажавме. Ама информација никаква не добивме. Ниту дека е пропаднат тендерот, ниту дека нема и Униформи, вели еден родител.
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче присуствуваа на свеченоста по повод почетокот на новата учебна 2019/2020 година.
Тие им посакаа среќа, успех и позитивни резултати на учениците што ќе им помогнат да се оформат како личности и да продолжат да го надградуваат своето знаење, а на наставниците успешна работа во претстојната учебна година. Тие им порачаа дека централната и локалната власт се силно ангажирани да ги подобрат условите на воспитно-образовниот процес.
На фотографиите од ова училиште кое се наоѓа во Општина Аеродром, првачињата се без униформи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.