Во Скопје во моментов има 1.005 активни случаи на заразени пациенти со ковид-19, а од нив скоро пола се од три опиштини – Аеродром, Центар и Карпош. Аеродром е убедливо прв со 173 активни случаи, веднаш зад него е Центар со двајца помалку, а Карпош има 147.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 19.096, оздравеа 15.645, починаа 768, а активни се 2.683. Денес се евидентираат два контролни теста.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 61

• Гази Баба – 114

• Аеродром – 173

• Карпош – 147

• Центар – 171

• Кисела Вода – 116

• Ѓорче Петров – 74

• Бутел – 44

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 4

• Сарај – 14

• Арачиново – 5

• Илинден – 32

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 7

• Зелениково – 3

• Странец – 9

• Нераспределен-7



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.