Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вчера убедливо победи со 17.880 гласови, на пребројани 100% од гласовите на ДИК.
Наспроти него, кандидатот од редовите на СДСМ, Борис Георгиевски освои 8.766 гласови.
Остатокот од гласовите го поделија кандидатите на ИНТЕГРА И ТМРО.
Според официјалните податоци, во советот на општината влегуваат и 16 советници од ВМРО-ДПМНЕ, додека само 7 од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ: 16
СДСМ:7
ЛЕВИЦА: 3
ДУИ:1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.