Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека и централната и локалната власта во Скопје покажуваат целосна негрижа за состојбата со пожарите.

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов никаде го нема а вчера имаше 18 активни пожари во скопско, а 3 беа посериозни.

 

Градот мирисаше на чад, гореа падини од Водно, гореше во Ѓорче Петров, гореше фабриката ОХИС, а Шилегов ужива на одмор како божем да се преработил. Ај што го нема Шилегов, туку во исто време го нема и командирот на скопската противпожарна единица.

 

Кога граѓаните со голи раце се справуваат со пожарите функционерите и одговорните тераат одмори. Во други земји при вакви катастрофи се одложуваат обврски и службени посети, а не пак одмори – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.