Петре Шилегов не може да се справи со дожд, а не пак да реши проблеми на скопјани, денеска Скопје е хаос – велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение.
Шилегов не треба да биде фараон, доволно е да биде градоначалник, кој ќе се справи со 10 литри дожд на метар квадратен. Скопје со Шилегов е поплавено од обичен дожд, како ли би изгледало од посилно невреме? Ако не крадеше милиони за противпожарни скали, ќе имаше и за решавање на атмосферската канализација. 4 години нема направено ништо суштински. Нема еден проект. 4 години власт на Шилегов и Заев, 4 години украден живот. Доста е!“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.