Криминалци ги владеат улиците, а Оливер Спасовски и раководството на МВР ја парализираа полицијата оставајќи простор за беззаконие, рече на прес конференција Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Ви го пренеруваме интегрално пресот на ВМРО-ДПМНЕ:
Граѓаните се чувствуваат несигурно бидејќи се препуштени сами да се бранат од насилници и разбојници. Доколку на почеток имаше оправдување дека ваквата катастрофа е заради неспособноста на Спасовски, сега стануваат се посилни сомнежите дека тој и неговите соработници се во сериозна коалиција со криминалот.
Еве за што говориме. Само во јануари во Скопје се пријавени над 520 кражби и тешки кражби. Тоа се над 520 семејства кои се ограбени и трауматизирани. Повеќе од 20 на ден. Уште потрагично е што Спасовски седи со скрстени раце. Реализацијата, односно откривачката дејност на полицијата не надминува мизерни 2%. Односно се откриваат само криминалците кои не плаќаат рекет и ме соработуваат со оваа власт.
Сето тоа е резултат на неспособноста на врхушката на МВР предводена од Оливер Спасовски кој најверојатно повеќе време губи на избор на костум за престојната партиска конвенција, отколку за заштита на имотот и животите на нашите граѓаните, како и безбедноста на државата, за што всушност и е платен со нашите народни пари.
Затоа Оливер Спасовски треба да си поднесе оставка бидејќи ситуацијата е премногу алармантна за ваков неспособен кадар да го води Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.