Петре Шилегов не направи 4 години ништо за Скопје, затоа што беше зафатен со кревање на два ката дивоградба на зградата во Карпош и правење на хациендата во Маврово, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Градската организација на СДСМ.
Шилегов можеби и ќе покажеше некаков квалитет, ако не беше зафатен на билдање на своето станбено портфолио.
Можеби и ќе имаше проекти, ако Шилегов не местеше тендер од 300.000 евра за Варшавска.
Некој проект можеби и ќе беше реализиран да не требаше да се плаќа 900.000 евра повеќе за противпожарно возило со скала.
Скопјани можеби и ќе имаа шанса да видат некој проект од Шилегов, ако не беше преокупиран со криминал и крадење, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.