Петре Шилегов на местото на својата куќа во Тафталиџе, гради зграда дивоградба. Според ДУП за местото каде што сега се наоѓа зградата дивоградба на Шилегов максималната висина која е дозволена за изградба на е 8,8 метри, односно приземје, кат и поткровје. Шилегов изградил уште два ката над максимално дозволената висина, без да поседува каков било валиден документ кој ќе му дозволи таква градба, сопштува ВМРО-ДПМНЕ.
Надлежна институција за давање дозволи за градба, доградба и реконструкција е општина Карпош каде градоначалник во заминување е Стефан Богоев. Општина Карпош е и институција која треба да предупреди и спроведе запирање на градбата која е вон дозволените граници, но и да изврши уривање.
Петре Шилегов не само што не е спречен да ја гради својата зграда дивоградба, туку и општина Карпош до денес не почнала постапка за уривање на дивоградбата.
Очигледно е дека Шилегов ја злоупотребува позицијата на моќ и од основа на политичката функција која ја има гради незаконски, за потоа низ некоја скратена постапка да го легализира објектот.
Шилегов наместо да става ред, тој е пример за создавање неред и хаос. Шилегов не ги почитува законите, кои треба да ги применува врз другите од позиција на градоначалник, токму затоа одброени му се деновите на таа позиција. Време е за промени, а потоа и за одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.