Шилегов единствено ќе остане запаметен по неговите нервни испади на јавна сцена и ѓубрето по улиците

Факт е дека Шилегов има проблем да се концентрира, но тоа не смее да биде оправдување за неговото вулгарно и недолично однесување. Шилегов е срам за скопјани. Тој е најнеспособниот градоначалник кој досега го водел Скопје. Шилегов нема капацитет да ја извршува функцијата. Шилегов ќе остане запаметен единствено по неговите нервни испади на јавна сцена, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

И додека тој покажува колку е некултурен по емисии, Скопје тоне во смет. Комунална хигиена не си ја завршила својата работа затоа што Шилегов го мрзело да извади дозвола за работа во трета смена. Затоа Скопје тоне во ѓубре, а на неколку километри од центарот на градот имаме дива депонија која може да предизвика нова зараза од пандемиски размери. Петре, можеш да навредуваш колку сакаш, ама барем фати се за работа. Уште си градоначалник, иако не за долго, дополнуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.