Петре Шилегов и Душко Весковски, да не се радуваат на тоа што во ЈО сега не отвораат истрага, и да мислат дека така ќе се спасат од одговорност за местење на тендер од 300.000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека доказите кои ги доставиле до ЈО покажуваат недвосмислено натплаќање на голем број на услуги и до 8 пати повеќе од цената која била плаќана во 2017 година.

Дополнително доказите јасно покажуваат дека градежните зафати првин биле направени, а дури два месеци потоа бил распишан тендер со цел да се исплати фирмата изведувач. Криминалот кој го направиле Шилегов и Весковски нема да застари. И Шилегов и Весковски ќе одговараат согласно закон. По промената на власта во Скопје, парите на граѓаните ќе се трошат одговорно и за што поголемо задоволување на потребите на скопјани. А сите незаконитости од минатото ќе бидат ревидирани и санкционирани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.