Кандидатите на СДСМ за градоначалници на Карпош и на Скопје, Душко Весковски и Петре Шилегов, првин најмиле фирма, таа ги завршила градежните зафати на улица Варшавска, а дури два месеци потоа распишале тендер за да ја исплатат фирмата. Но, тука не застанува криминалот. Весковски и Шилегов плаќале услуги и до осум пати поскапо од тоа што биле плаќани во време на ВМРО-ДПМНЕ – обвинуваат од партијата.

Еден квадратрен одбележување на ров во 2017 година бил плаќан за 19,3 денари, а сега Весковски и Шилегов го плаќаат за 168 денари, односно скоро 8,7 пати поскапо. Што се сменило од 2017 година до сега во градежништвото, за цените да бидат над 8 пати повисоки? Ништо освен што сега на власт се Весковски и Шилегов.

 

Безобразлукот не застанува тука. Капа за затворач во 2017 година бил плаќан 980 денари, а сега е платена 6.800 или скоро 7 пати поскапо. Иста пракса имаме и кај услугата фино планирање на дното на ровот, кое во 2017 година е наплаќано 21 денари, сега е 112 денари односно скоро 6 пати.

 

Весковски и Шилегов асфалтот го плаќаат 3 пати повеќе, па ако во 2017 година асфалтирање на исечени делови од асфалт со дебелина 10 цм за 1 метар квадратен било 900 денари, сега е платено 3.520 денари.

 

Овие цени покажуваат дека нешто е труло! Овие информации и многу повеќе се доставени до ЈО и очекуваме да отворат случај за криминалот од 300.000 евра, а не да отвораат измислени случаи против кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, на кои 5 години како се власт не можеа да најдат ниту еден случај иако да имаше веднаш ќе ги затвореа, но тие се одлучија на местенки и ПР, а вистинските криминалци од нивните редови се на функција – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.