Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје реагираат дека ветувањето за нов градски превоз е нова лага на скопскиот градоначалник.

Мрзливиот Шилегов 4 години помина во убави лаги и ветувања кои не ги реализира.

 

Ветувањето за нов градски превоз е нова лага на мрзливиот Шилегов. Четири години помина во лажни ветувања и нула резултати.

 

Трамвајот на тркала кој го ветува Шилегов не е обмислен проект и единствено го користи за предизборен маркетинг. Дополнително нема никаква студија за компатибилност со градскиот сообраќај како и можности за посебна инфраструктура.

 

Шилегов не успеа да си го оствари ветувањето за подземни контињери, а не пак да прави трамвај на тркала. Човекот потроши повеќе време за лажење од тоа што троши за работа – се наведува во реакцијата на советничката група.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.