Неспособниот Шилегов месец дена не може да ја поправи фонтаната на плоштад, а не пак да направи нешто ново. Имаме среќа што мрзливиот Шилегов наследи среден град со широки улици и булевари, да требаше да чекаме тој да ја проширува Партизанска, Илинденска или Теодосиј Гологанов, уште ќе се возеше по тесни сообраќајници, велат од ВМРО ДПМНЕ.
4 години ништо не изгради, се што прави е премачкување со асфалт на новите булевари кои му ги остави ВМРО-ДПМНЕ.
Дури и кога ќе се фати да прави нешто, тоа е ливада од 300 квадрати која чини 260.000 евра. Односно со други зборови – “Аман Петре седи, не фаќај ништо кај и да е уште 5 месеци ќе поминат”.
Колку е градот запустен говорат улиците кои се полни со ѓубре, дивите депонии кои не ги реши, запуштените паркови кои тој и неговите колеги од СДСМ не ги одржуваат, проблемот со кучуњата и уште десетици проблеми, кои не требаше да бидат проблеми.
Мрзливиот Шилегов не сака ни ѓубрето да го собере, а не пак нешто да сработи. Тунелот под Кале, подземните сообраќајници, продолжувањето на Илинденска кон Ѓорче и другите стратешки проекти кои ги вети, останаа само ветувања.
Мрзливиот Шилегов ќе остане запаметен само по проблеми и ниту едно решение, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.