Нервозната реакција на СДСМ потврдува дека Данела е наредниот градоначалник на Скопје, а Шилегов политички пензионер кој ќе одговара за криминалите. Дополнително лагите околу Данела Арсовска кои ги пласира СДСМ дека наводно била финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, дека имала партиски ангажман кажува дека двоецот Заев Шилегов се преплашени поради поддршката на Данела – реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска опозициската партија објави дека застанува зад кандидатурата на Данела Арсовска за кандидат за градоначалник на СКопје. СДСМ реагираа дека таа била избрана да го понесе поразот во Скопје. Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека Скопје изгуби премногу во овие 4 години додека градоначалник на градот е Петре Шилегов.

Скопјани и Скопје загубија 4 години со неработникот на СДСМ, Петре Шилегов. 4 промашени години за развојот на Скопје стагнација и нереализирани проекти. Неспособниот Шилегов 4 години ги преспа, не успеа да реализира ниту еден голем проект, но затоа успеа да стопи 12,5 милиони евра од продажбата на Градска куќа кои никој не знае каде завршија, бидејќи ништо не сработи, а јавните претпријатија тонат во долгови. Нема подземни улици, нема тунел, нема мостови, нема трамвај, нема продолжени булевар, а нема ни жичара до Водно, Луна парк, додека пак СРЦ Треска наместо да му го врати сјајот, тој го погреба. Скопје нема нови проекти, но затоа Шилегов си доградува речиси нова луксузна куќа среде Скопје од над 300 квадрати и си го зголеми богатството на 1,3 милиони евра, што е незамисливо со неговата чиновничка плата. Затоа Шилегов и СДСМ ќе ги загубат изборите, затоа што наместо да развиваат и градат, тие крадат. Затоа на Скопје му е потребно способен и подготвен менаџер на градот, личност која ќе ги обедини најспособните и најкомпетентните за да се гарантира неговиот развој, а тоа е Данела Арсовска. За разлика од неработникот Шилегов, Данела Арсовска е професионалец со докажан квалитет и резултати во Македонија, но и во меѓународни рамки. Арсовска е личност која ќе ги обедини сите скопјани и ќе донесе развој на градот. Скопје заслужува промени, Скопје ќе се избори за промени – стои во реакцијата на најголемата опозицона партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.