Советот на Град Скопје доби ново мнозинство, кое отсега го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Досегашната парламентарна опозиција во македонското Собрание, преку освоените советници во Град Скопје на последните локални избори 2021, обезбеди апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на град Скопје.
Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население. Со ова, актуелната владина коалицијата на СДСМ и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје. Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Град Скопје и на неговите општини, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.