Крадењето на струја бренд марк на Заев, сега од ГТЦ, а порано од Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи на случај од минатото во кој одговарал таткото на премеирот.

Власта треба да одговори од чии пари е плаќана струјата за битмајнерите во ГТЦ? Дали во ГТЦ имало околу 200 битмајнери и дали дневната потрошувачка на струја била и до 10 мегавати? Дали дневно само заради задоволување на потребите на струја за овие битмајнери е трошена струја во вредност и над 40.000 денари, односно 1.200.000 денари месечно? Дали последната година за струја за битмајнерите во ГТЦ е платено над 240.000 евра и кој ги платил тие пари? Дали овие пари ги платиле сите дуќанџии во ГТЦ, со поголеми сметки и кој ќе ги обештети, ако е така, прашуваат од опозициската партија.

Оттаму велат дека ако е трошена претпоставената количина на струја, се доаѓа до сума од 1 милион евра струја која ја платил некој друг додека функционерите од власта копале биткоини.

Ова е методот на Заев, троши струја, заработувај, а народот ќе плаќа, тоа го правел неговиот татко во Струмица кој е правосилно осуден за кражба на струја, тоа го прави тој во Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.