ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава по член 353 од КЗ – злоупотреба на службена должност против директорот на ЈП Водовод и градоначалникот на Град Скопје за местење тендери, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Др. Христијан Мицкоски во текот на дуелот со Зоран Заев.

Претседателот кажа дека функционерите од власта за се ќе сносат одговорност, ќе одговараат пред законот.

„ЈП Водовод и канализација Скопје секоја година објавува тендер за потпишување на рамковна спогодба за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа. И таму потпишале, ги исполниле условите пет економски оператори. Во меѓувреме делот од тој буџет одлучиле да потрошат за реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска“. Таа улица е во Тафталиџе. Започната е реконструкцијата на водоводната мрежа во јули, и откако им текнало во октомври дека требало да спроведат интерна процедура за набавка помеѓу овие пет компании кои што потпишале рамковна спогодба. Спроведуваат тендерска постапка во октомври и потпишуваат договор во октомври откако замислете мрежата е хлорирана. Има документ за хлорирање на мрежата на 29-ти септември“, рече Мицкоски.

Претседателот посочи дека македонската јавност сама може да увиди за каков криминал станува збор и дека токму овие луѓе се кандидирани за градоначалници, едниот за Град Скопје, а другиот за една скопска општина од редовите на СДСМ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.