Четири години скопскиот луна парк е руина, а набавените содржини од претходниот градоначалник стојат заборавени во некое депо. И денес Петре Шилегов ќе ги лаже скопјани дека само што не отпочнал со изградба на нов парк, на нов забавен парк, или само што не нашол решение Скопје повторно да биде на мапата на градови со урбан забавен живот и за најмладите, и за повозрасните. На скопјани им е доста од лагите и манипулациите на Петре Шилегов. На 17октомври излегуваме сите заедно и гласаме за промени, повика Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Токму од ова место, пред четири години Петре Шилегов на скопјани им вети нов забавен парк, но и чист воздух. Тој вети и план за ноќен живот подалеку од Градскиот парк со соодветни сцени и паркинг места. Пред 2 години тој повторно вети забавен парк – со криминално изработена студија која никогаш не го виде светлото на денот. И лани излажа дека ќе има забавен парк.
Со избор на бројот 7 на советничките листи избираме дека сакаме решенија, а не празни ветувања, рече Андоновски.
Нашата програма предвидува – нов Забавен парк – со содржини за сите генерации. Но, за тоа нема да чекаме 4 години. Ова место повторно ќе биде омиленото свртувалиште и на децата и на младите. Предвидуваме и 5 нови огромни паркови во градот Скопје, но и грижа за постоечките зелени површини, особено на оние во Градскиот парк. Нема повеќе неискосена трева, пожолтени површини од недостаток на наводнување, паднати дрва…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.