Им благодариме на СДСМ што јавно признаа дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се нови и некомпромитирани луѓе кои што ќе ја добијат целосната поддршка од граѓаните. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ на наредните локални избори ќе понудат реална, остварлива програма која ќе биде креирана заедно со граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За разлика од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, досега презентираните кадри на СДСМ се корумпирани, потрошени и докажани неработници.

Стари и истрошени кадри кои што единствено ги интересира да доделат по некој тендер на нивни блиски фирми и кадри кои што се целосно во одбрана на криминалот на фамилијата Заеви.

СДСМ го кандидираше најнеспособниот градоначалник кој што до сега го имало Скопје, Петре Шилегов. Го нема тунелот под Кале, ништо од продолжувањето на булеварите „Илинденска“ и „Борис Трајковски“.

Како нови лица СДСМ се обиде да ги промовира до сега докажаните неработници како Филип Темелковски, Велимир Смилевски, Сашко Николов, Костантин Георгиевски.

СДСМ за свој кандидат го кандидираше и Ацо Велковски од Лозово. Човекот кој што ги малтретираше своите вработени, а избрка од работа и бремена жена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.