ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник на Бутел од оваа партија, пратеникот Дарко Костовски, побараа општината да престане со градежните активности и да ја дислоцира модуларната амбуланта.
За нив, оваа како што велат, е срамна и таканаречена амбуланта.
Станува збор за ист тип на модуларна амбуланта како онаа во Тетово изградена од иста фирма блиска до власта.
Градоначалникот во заминување Велимир Смилевски, предизборно но и за време на неговиот неуспешен 4 годишен мандат 10тина пати јавно ветуваше дека општина Бутел ќе добие модерна поликлиника. Сето тоа резултираше, пред се со небезбеден и понижувачки објект кој го нарушува достоинството на луѓето во општина Бутел.
Изразуваме длабоко сочуство до сите блиски на починатите и повредени луѓе во тетовскиот трагичен настан“, рече Костовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.