Градот тоне, а шефот на кабинет на мрзеливиот Шилегов и секретарот на Град Скопје рекетираат адвокати, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, за скандалот што го објави адвокатот кој легално добил тендер од страна на ЈП „Лајка“.

Според сведочењето на адвокатот, секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ и Никола Наумовски, шефот на кабинет на мрзеливиот Шилегов, бил рекетиран со цел да вработи лице по нивен налог. Скандалозно е што првите луѓе на мрзеливиот Шилегов ги користат функциите за рекет. Наумовски и Мадиќ мора да одговараат. Го повикуваме ЈО да отвори случај и да го испита нивното делување. Сето ова се случува додека градот тоне. Нема проекти, нема напредок. Не е чудно зошто Скопје стагнира, со функционери кои наместо да работат, рекетираат – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.