Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 24 зборувајќи на темата за престојните локални избори, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е убедлив фаворит за победа во Општина Аеродром.
За тоа кој ќе биде кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина, Мицкоски појасни дека во моментот трае последното мерење на јавното мислење и дека до сабота ќе биде познато името на идниот градоначалник на Општина Аеродром.
Во моментот трае едно такво мерење на јавното мислење, би рекол четврто во Аеродром и бидејќи до сабота е последниот рок до 11-ти, ќе донесеме одлука за тоа кој ќе биде кандидатот затоа што многу внимателно бираме. Таму ВМРО-ДПМНЕ е фаворит и сакаме навистина решението кое што ќе го понудиме, да биде решение кое што ќе го одберат мнозинството жители на Општина Аеродром. Така што се надевам, набрзо односно сум сигурен дека до сабота мораме да го објавиме бидејќи истекува рокот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.