По повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста, Владата на Република Македонија, ги кани сите граѓани на заедничко чествување в недела, во Градскиот парк во Скопје. Манифестацијата е со почеток во 11:00 часот.
Ве покануваме почитувани медиуми и граѓани заедно да ги прославиме боите на слободата, на радоста и убавината“, изјави денеска на редовната прес-конференција портпаролот Муамет Хоџа.
Во рамки на прославата, предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма. Ќе настапуваат „Петко и пет плус,“ групите „Ај Кју“, „Денсерс Јунајтед“, Виолета Томовска, Елита Зибери и ди-џејот Драган Б. Костиќ.
Портпаролот Хоџа информираше дека ќе бидат поставени повеќе штандови, каде присутните ќе имаат можност да уживаат во традиционална храна од сите краеви на нашата земја, да учествуваат во спортски активности и да го проверат своето здравје.
Заинтересираните граѓани ќе имаат можност да измерат притисок, да извршат очен преглед и да добијат повеќе информации за најновите мерки на Министерството за здравство, Управата за јавни приходи, да се запознаат и да ги проследат вештините на Армијата и на полицијата. Претставниците на Министерството за внатрешни работи ќе изведат показни вежби со кучиња, а припадниците на „Тигрите“ ќе помагаат при спуштање со алпинистичко јаже“, додаде портпаролот Хоџа.
Свеченото чествување на Денот на државноста на нашата држава, ќе започне со оддавање почит и положување цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, од делегација предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, на гробовите на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.