На социјалните мрежи утрово се споделуваат фотографии од реката Вардар, во делот на Долно Лисиче, каде водата е обоена во жолто-кафеава боја.
Освен очигледната загаденост на водата, овде на ова место околу реката има депонија која со години е грда слика околу ова место.
Вардар поцрвене и на 15 јули годинава. Државниот инсепкторат за животна средина излезе на увид на посочената локација и со непосредниот инспекциски надзор утврдиле дека отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја.
Сличен инцидент се случи во септември, минатата година, кога фирмата „Арцелор Митал“, од неодамна преземена од „Либерти Хаус Груп“, ја загади реката Вардар со испуштање на отпадни води со хемикалии во канализациониот одвод. Фирмата тогаш беше беше казнета со забрана за дејност на погонот кој ја предизвикал хаваријата, во времетраење од 90 дена и беше најавена казна од 70.000 до 100.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.