Денеска и утре од 9 до 16 часот ќе се воведе посебен режим на сообраќај во главниот град поради одржување на Меѓународниот ридско-брзински натпревар во автомобилизам „Награда на Град Скопје – Водно 2019“.
Како што соопшти денека МВР, стартот на натпреварот е од улицата „Тодор Александров“ се до Средно Водно. Поради тоа Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.